Славчо Поповски со емотивна порака: Потекнувам од скромно семејство кое не знае за големо богатство, но ја достигнав мојата животна цел

Младиот стружанец Славчо Попоски со своите метео-анализи е хит на социјалните мрежи долги години, а со своите метео прогнози кои се главно точни е актуелен и на повеќе медиуми.

– Повеќе години го анализирам времето и правам прогнози, но откако се случи немилиот настан во Скопје во 2016 година за мене дозна целата наша држава и стекнав огромна доверба кај народот.

Инаку, метеорологијата ја сакам уште од мали нозе. Со нејзе сум се родил, иако можеби звучи смешно.

Немам никакви притисоци. Дури и институциите доколку има вонредни услови ја следат мојата анализа и прогноза. Моментално работам на тоа за во иднина да бидам дипломиран метеоролог бидејќи мојата работа веќе не може да се нарече хоби.

Да не звучам нескромно, ама ја кажувам реалноста, а и цела Македонија знае дека барем досега немам ниту една утка околу анализите. Мојата работа е 24/7 на компјутер и следење на облачните маси и системи над Европскиот континент. За понатаму со Господ напред.

Славчо сега објави дека и покрај тоа што потекнува од скромно семејство успеал да си ја достигне целта да биде славен.

Потекнувам од скромно семејство кое незнае за големо богатство и премногу пари, не се измејувам на поедини граѓани кои некој од кренатите личности ги имаат на мајтап зошто се сиромаси и слично.

Ама пак затоа Господ златен ми го подари најдоброто во животот мој и единствената моја животна желба, а тоа е да бидам славен и

сите да ме почитуваат а тоа се од најпопуларните политичари без разлика која партија се до најсиромашните граѓани во Македонија .

Искрено јас сум најблагодарен до сите нив. И да, да не заборавам, од скромно семејство со мојата упорна работа ја достигнав мојата цел а тоа е Метеорологијата.

Заработувам од неа. Метеорологијата мие на прво место и во иднина се надевам дека ќе ве израдувам со тоа што ќе земам како еден вид диплома со присуство на школо по Метеорологија.

Тоа мие следна цел! Ви благодарам на вниманието мои почитувани граѓани и ви благодарам за огромната подршка!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде