Славчо Поповски со вонредна временска прогноза: Доаѓа невреме кон Македонија
Со продорот на значително постуден воздух од север, кој ќе се судри со летната топла воздушна маса од југ над нашата територија денес и тоа особено попладне, навечер и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе услови врнежи од дожд.
Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Можна е појава и на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд (околу 20 л/м2), силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
Токму поради ова препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, вели метео-прогнозерот Славчо Поповски.
Во почетокот на следната седмица пак ќе имаме постабилно, но ветровито време со ветер од северен правец.
Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Во Скопскиот регион исто така ќе има појава на повремен дожд денес попладне, навечер и во текот на ноќта кон недела а ќе имка услови и за појава на грмежи проследени со засилен ветер,
што значи дека заладувањето нема да го одмине ниту главниот град, објави Славчо Поповски во најновата временска прогноза.