Најмалку 129 луѓе загинаа откако полицијата употреби солзавец за да ги растера немирите на фудбалските навивачи во провинцијата Источна Јава во Индонезија, во една од најтешките трагедии на стадионите во светот, јави ДПА.
Повеќето жртви починаа од недостаток на кислород за време на стампедо, откако навивачите влегоа на теренот на стадионот Канџурухан бидејќи домаќинот на натпреварот „Арема Маланг” синоќа загуби со 3-2 од ривалскиот клуб од Источна Јава „Персебаја Сурабаја”, изјави началникот на провинциската полиција Нико Афинта.
-Жалиме за трагедијата, рече Афинта на денешната прес-конференција.
Тој кажа дека на сатдионот имало само неколку навивачи на Персебаја бидејќи им било забрането да присуствуваат на натпреварот со оглед на жестокото ривалство меѓу двата клуба во највисоката лига во земјата.
-Предложивме на натпреварот да присуствуваат само навивачите на Арема, рече тој.
Началникот Афинта, додаде ДПА, кажа и дека меѓу загинатите има двајца полицајци.
Шефот на здравството во градот Маланг, Виџанто Видјојо, изјави дека бројот на загинати е 129, утврден врз основа на информациите собрани од болниците во градот.
-Ќе формираме центар за повици за да обезбедиме информации за семејствата кои ги бараат своите најблиски, рече тој.
Поради соноќешниот инцидент одложени се сите денешни преостанати натпревари, додека Индонезиската фудбалска асоцијација (PSSI) соопшти дека Арема веќе нема да биде домаќин на натпреварите во остатокот од сезоната.
Формиран е тим за да го истражи инцидентот, се наведува во соопштението на Индонезиската фудбалска асоцијација (PSSI), додава ДПА.
🇮🇩 | URGENTE: Al menos 127 muertos y cerca de 200 heridos enfrentamientos en Indonesia en la que se considera la peor tragedia en un estadio de fútbol de la historia. pic.twitter.com/MYllmOnmlq
— Alerta News 24 (@AlertaNews24) October 2, 2022