На седми октомври во Охрид ќе се отвори втор, како што го нарекуваат основачите, бугарски културен клуб во Македонија, а ќе го носи името „Цар Борис Трети“.
Отворањето е во очи на 11-октомври Денот на востанието против фашизмот.
„На 7 октомври 2022 година, вториот бугарски културен центар официјално ќе ги отвори вратите во градот Охрид, Република Северна Македонија, кој ќе го носи името „Цар Борис III“.
Специјален гостин на отворањето ќе биде бизнисменот, филантроп и филантроп д-р Милен Врабевски, со чија финансиска поддршка овој клуб ќе стане реалност.
Ги покануваме сите пријатели и истомисленици во 12:00 часот по локално време во трговскиот центар Аман, кат 1, соба 128, заедно да отвориме уште еден центар за градење мостови меѓу двете братски земји!“, се вели во најавата.
Цар Борис бил соработник на Хитлер во Втората светска војна.
На 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на т.н. „Конечно решение на еврејското прашање“.