Ако некој мисли дека Европа ни треба за да нашите деца отидат таму и да им ги чистат улиците. Jас сум експлицитно за НЕ!, рече Стевчо Јакимовски во неодамнешното гостување во емисијата „Само вистина“.
Ако ние направиме проекти, измеѓу десет и дваесет милијарди евра, Чебрен е околу седумсто милиони евра со Галиште, ако направиме “Бошков Мост” сто и триесет милиони евра,
ако направиме проекти – “Вардарска Долина” е сигурно преку три милијарди евра, ако направиме проекти во делот на туризмот, во делот на земјоделието итн.
Проекти кои ќе бидат измеѓу петнаесет и дваесет милијарди евра, и се понудат на овие господа овде што признаваат, или не признаваат јазик.
Ако не дојдат да инвестираат, треба да ги отвориме вратите за секој што сака да инвестира во оваа држава, да укинеме со многу земји визи и да видиме дали ќе дојдат овде Катарци, дали ќе дојдат Саудици, дали ќе дојдат од Арапски Емирати – кој сѐ има намера, дали ќе дојдат Бразилци итн.
Овој народ мора од нешто да живее, овој народ мора нешто да работи, ако некој мисли дека Европа ни треба за да нашите деца отидат таму и да им ги чистат улиците.
Jас сум експлицитно за не! Нас ни треба – ние да си создадеме услови за живот и овој народ да има каде да работи, каде да живее.
Џабе ти е плата од три илјади евра кога станот ти е милион евра. Кога ќе го заработиш тој стан? Овде каде што имаш ти стан, каде што имаш куќа, каде што имаш услови, каде што имаш роднини каде што имаш навики итн.
Во Македонија сме културолошки компатибилнни, тука сме си дома и ние наместо овде да донесеме овде инвестиции – значи ние државата треба да ја отвориме да странски инвестиции во делот на енергетиката, во туризмот,
во земјоделието, во делот на транспортот – ајде да видиме кој сака да ја гради Солун-Скопје пругата. Не знаеме ние да се возиме со двеста и педесет километри на час? Само тие во Германија и Холандија знаат!?