Првиот вицепремиер и министерот за политички систем и односи меѓу заедници, Артан Груби за кого таканаречената „Огнена група“ во ДУИ има забелешка за начинот на практикување на власта,
односно преголемата власт што ја има во владината коалиција и партија, од Струга каде што присустуваше на настан на почетокот на новата академска година на „Меѓународниот универзитет“ изјави дека:
„ДУИ е најсилната партија на Албанците, и дека работи на исполнување на нејзината програма“.
„Јас немам незадоволство од ДУИ. Кои се причините за незадоволството во ДУИ? На ова прашање треба да одговорат господинот Ахмети и други.
Ние сме тука да работиме, да ја спроведеме програмата, да го спроведеме сето она што им го ветивме на граѓаните и гледам дека поддршката во гласачкото тело на ДУИ е голема,
како што видовте според сите анкети, ДУИ е повеќе од половина од гласачкото тело кај Албанците“, изјави меѓу другото Груби.
Секако дека ќе има промена, затоа што колегата Горан Милевски даде оставка и ЛДП го предложи Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа,
изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, додавајќи дека за какви било други промени останува да одлучат лидерите на политичките партии.
– Јас не сум тој што одлучува, јас сум тој што извршува. Јас сум во Владата за да извршувам, а не да размислувам по однос на овие прашања.
Има кој размислува за тие прашања, има претседател на партијата, органи на партијата, кои што ги носат одлуките. Јас ги извршувам тие одлуки, рече Груби при посетата на Струга.
Коментирајќи ја средбата на Блерим Беџети и Изет Меџити, кои се дел од т.н. „огнена група“ со независниот пратеник Кастриот Реџепи и дали постои можност за губење на парламентраното мнозинство, Груби одговори дека на земјата и треба стабилно парламентрано мнозинство и одговорност од сите кои треба да придонесат во реализација на целите за зачленување во ЕУ.