Српскиот портал Објектив.рс пренесува исповед на млада невеста од Сpбија која го потресе Балканот. Младата невеста од Крушевац, тврди дека нејзиниот кум и ја yништил венчавката.
Нејзината изјава ја пренесуваме во целост.
Во моментот кога требаше да кажеме да, и матичарката праша дали има некој нешто да додаде и дали има некој нешто против, мојот кум започна да зборува:
„Имам јас нешто пред тоа, госпоѓо матичарке, ако не е проблем?’, праша тој.
Сите беа шокирани, но од шок никој не изреагира, а матичарката со мимика даде знак дека тој може да го направи тоа што го наумил.
Тогаш Лазо замина до својата девојка, за која не ни знаевме дека постои а уште помалку дека ќе дојде на нашата свадба, тој е наш венчан кум и зошто би носел непозната, анонимна личност со која наводно е во врска три недели на една таква свадба?
Притоа, ние се знаеме цели 14 години и знаеше дека со Мартин сонувавме за овој ден. Со години. Е затоа сум бесна.
Воглавно, тој и пријде на својата девојка и клекна. Праша дали таа сака да го помине животот со него и луѓе започнаа да се смејат.
И додека сите беа возбудени и весели, јас згрозено ги посматрав.
Дури и Мартин воодушевено замина да ги бакне и да им честита на новопечените вереници. И дури после неколку минути, матичарката не врати во реалност со зборовите ‘Извинете, имам закажано следна венчавка за половина час, можеме ли да го извршиме овој чин?’
И тогаш реков да. И на сите им беше убаво, сите беа среќни, освен мене.
Од тој момент на половина свадба не се ни сеќавам. Се стана толку неважно, моите пет минути, мојот најважен момент во животот е упропастен…и тоа никој не го разбра. На сите им беше супер што другите ми го украдоа вниманието. Разберете, не е проблем во тоа што некој некого запросил.
Проблем е тоа што го избрал најлошиот момент и што не ги праша младенците дали се согласуваат да некој им го украде моментот.
Чекам фотографии од свадбата, рекоа дека ќе ги добиеме за десетина дена, и се плашам на што ќе личат. Дали тоа ќе биде она што сакам да го паметам до крајот на животот?
И се прашувам, дали сакам да го поминам животот со човек кој и понатаму не сфаќа како го доживеав настанот од нашата венчавка, бидејќи за него тоа беше сосем океј. Размислувам можеби и да се разведам. Ете, судете ме сега.” раскажа оваа девојка, пишува Објектив.