Нема да ви се верува: Погледнете по која цена се продаваат пелети во Македонија

Надлежните преку забрана за извоз до крајот на годинава и зголемен број инспекциски надзори на продажните места се обидуваат да го спречат неоправданото зголемување на цените на пелетите и на огревното дрво во пресрет на новата грејна сезона.

По реакциите од граѓаните дека нема на што да се греат во претстојната грејна сезона, Владата неодамна донесе одлука до крајот на годинава да се ограничи извозот на огревно дрво и пелети и најави зголемени инспекциски контроли во продажните места за пелети во кои ќе се проверува дали компаниите намерно ги кријат за да ги продаваат поскапо во зимскиот период.

На 63-тата седница на  Владата, одржана 20 јули годинава, на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) му беше наложено да се направат вонредни инспекциски надзори на трговци со пелети, со цел да се утврди продажната цена, капацитетите и достапните количини на пазарот.

ДПИ за само една недела откри седум неправилности кај трговците со пелети

Директорот на ДПИ Анета Симеска Димоска за МИА информира дека во периодот од 22 до 28 јули годинава имаат извршено вкупно 131 вонреден инспекциски надзор на трговци со пелети на целата територија на државата

при што е утврдено дека продажната цена на пелетите се движи од 15 до 26 денари за килограм, со маржа од 8 до 65 отсто, и од 220 до 390 денари за вреќа од 15 килограми, односно маржа од 10 до 40 отсто зависно од типот на пелетите.

Вкупната залиха на пелети кои ја утврдиле инспекторите изнесува 5.696.600 килограми, а капацитет на производство е утврден кај осум субјекти.

„Во овој временски период при инспекциските надзори утврдени се вкупно седум неправилности, за што се изречени соодветни санкции согласно големината на субјектот“, рече Симеска Димоска.

Сепак, и покрај сите инспекциски контроли низ Македонија секојдневно се зголемуваат цените на пелетите.

На социјалната мрежа Фејсбук беше забележано дека на оглас се продаваат пелети по цена од неверојатни 430 денари за вреќа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде