Според излезната анкета на агенцијата Галуп, ГЕРБ-СДС добила 24,6 отсто од гласовите на бугарскиот електорат, јавува дописникот на МИА од Софија.
Втори се „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Василев со резултат од 18,9 отсто од гласовите.
На третото место е Движењето за права и слободи, тие добиваат 14,8 отсто. На четврта позиција е БСП со 10,9 проценти. Националистичките „Преродба“ (10,1%),
„Демократска Бугарија“ (7,4%) и „Има таков народ“ (4,6%) и партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев „Бугарски подем“ (4,0%).
Под прагот за влез во новото Народно собрание на Бугарија остануваат „Исправи се Бугарија“ (1,2 отсто) и ВМРО (0,9 отсто).
Со „не поддржувам никого“ гласале 3,3 отсто од гласачите.
По тој повод на Фејсбук се огласи и поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев.
„Честитки на сите граѓани на Бугарија за успешните избори.
Честитки на ГЕРБ и на мојот добар пријател Боико Борисов за победата и освоената најголема доверба од бугарскиот народ.
Посакувам успешни разговори за составување на новата влада која ќе донесе стабилност на нашиот источен сосед и просперитет на Бугарија.
Стабилноста на Бугарија и просперитетот на бугарскиот народ е добра за македонскиот народ како и за граѓаните на целиот Балкан“, напиша Заев на Фејсбук.