Денеска (4 октомври) околу 14 часот и 10 минути, од камион со приколка „ман“ со охридски регистарски ознаки управуван од 41-годишниот охриѓанец З.К., а што се движел по магистралниот пат Гостивар-Кичево,
во близина на угостителски објект на влезот во Гостивар, паднала поголема количина гајби со стаклени шишиња со сок,
кои го попречиле нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во двете насоки, стои во информацијата што Gostivarpress.mk ја доби од СВР Тетово.
Со интервенција на екипи од „Македонија пат“ и гостиварската Територијална противпожарна единица, скршените шишиња се отстранети од коловоз и е воспоставен нормален сообраќај кон Кичево и Гостивар, извстуваат од полицијата.
Извор+фото: Гостиварпрес