Премиерот Димитар Ковачевски најави ново зголемување на пензиите.
„Ги зголемивме и пензиите. Тие се зголемени за 10%, ќе има уште едно зголемување во март идната година кое што исто така ќе биде сигурно околу 6%, што значи за една календарска година ќе бидат зголемени за 16%“, одговори премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање.
Во однос на најранзливите категории денеска на седница министерката за труд и социјална политика презентирала предлог.
„Ранливите категории ќе бидат опфатени со еднократна парична помош која ќе ја добиваат во наредните неколку месеци.
Ресурсите со кои располага државата треба да се распоредат таму каде што има најголема потреба, а тоа се лицата кои примаат социјална помош, самохрани родители, деца без родители итн.“, додаде Ковачевски.
Тој додаде дека Владата ќе продолжи и со поддршката на компаниите. А во однос на цените на основните прехранбени продукти рече дека е ограничена маржата но и дека постојано има засилени контроли.
„Кога ја зголемив минималната плата ме критикуваа, се сега гледаат зошто ја зголемивме“, заклучи Ковачевски.