„Не знаев дека жена може толky да caка“ – Такcист од Ckопје ја paзнежни Македонија

– До каде?

– До Сити мол

– Ти не си тој писателот, Драган Таневски?

– Да, јас сум… – пријатно ме изненади таксистот. Немаше повеќе од 30 години. Имаше блага насмевка, од оние шо цело лице им се развлекува од уво до уво.

– Одма те познав „бе брат“ – посебно го нагласи тоа „Бе брат“

– Да не сме пријатели на фејсбук?

– Не, немам фејсбук, ама имам нешто друго… отвори ја таа фиоката напред. – отворив и што да видам – Колекционер 1.

Целата беше полна со некои ливчиња во боја. Ја отворив книгата, и гледам – потцртувани пасуси, на маргините напишани забелешки.

– Многу студиозно ја читаш – му реков

– Ми ја поклони еден братучед за роденден. Да ти кажам најискрено, сакав да ја ставам на полица кај другите книги, ама нешто ме натера да ѕирнам, и толку ми требаше… ме остави без спиење таа вечер, и немој да ми се налутиш ама неколку пати и сум те пцуел.

– Па нема да бидеш прв.

– Да ти кажам, тоа не е книга за читање, повеќе како прирачник за живот. Морам да ти признаам дека ми даде неколку добри идеи како да си ја средам врската со девојка ми.

Стварно жените биле рудник со скапоцености, само ако исправно им се пристапи, или ко ти што викаш – „ако се инвестира во нив“. Не сум се покајал што направив промени. Што и да направам за неа, она ми враќа стократно. Чуда ми се случуваат.

– Мило ми е ако сум помогнал некако

– Па, брат, си помогнал и тоа многу. Кога ќе ми текне дека помислував да раскинам после 6 годишна врска. И сметаше секоја ситница кај мене, стално се каравме.

Сега едвај ме чека да си дојдам дома. Некогаш кога сум ноќна смена, ми вика – „да ме разбудиш кога ќе си дојдеш, слушна? Немој да не си ме разбудил… само да те гушнам, и пак ќе продужам“. Немав појма дека жена може толку да сака.

– Мислам дека уште не си видел се – му одговорив. – Најубавото допрва доаѓа. – Му подадов пари за возењето кои не сакаше да ги земе за жива глава.

– Брат, какви пари!!! Најголема чест ќе ми направиш ако ми пишеш нешто на книгава, посвета, мисла, било што.

– Не, вака ќе направиме. Посвета ќе ти пишам, ама овие пари ќе ги земеш, ќе купиш едно „Мерси“ и ќе си ја почастиш љубовта. Ко да сум ви дошол на гости, ОК?

– Добро брат… така ќе направам. Фала уште еднаш… Ми веруваш брат? Малце фалеше да и раскинам… немаш појма колку малце.

– Знам само дека малце треба за луѓето да бидат и многу среќни и многу несреќни. Ти си среќен што си го нашол тоа подоброто „Малце“

Драган Таневски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде