Анализа на Блумберг Адриа: Во регионот најефтина храна се продава во Македонија

Слични цени во маркетите, но различен есап на крајот. Вака во една реченица би го опишале пазарувањето што редакциите на Блумберг Адриа го направија во средата, на 28 септември.

Новинари од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцeговина во исто време беа да купуваат исти производи. Пазаревме 16 основни намирници, а изборот беше најблискиот маркет до редакцијата, но кој што остварил најголеми приходи во 2021 година.

Според тоа, се пазареше во македонски „КAM“, босански „Бинго“, српски „Макси“, во хрватскиот маркет „Конзум“ и во словенечкиот „Меркатор“.

Инфлацијата подолго време е дел од нашето секојдневие и граѓаните веќе се навикнаа на постојан раст на цените. Со оглед на тоа што сме сведоци дека во продавниците цените се менуваат буквално секојдневно, излеговме да пазаруваме во исто време, во средата, на 28 септември, во 13 часот.

Знаејќи дека понудата во маркетите е многу голема, но и дека не секаде се нудат еднакви производи, се обидовме да ги споредиме цените на најевтиниот производ од конкретниот список на прехранбени и производи за хигиена.

Направивме компарација на 16 основни производи, независно од производителот. Важно беше да се работи за продукти со исти карактеристики и по можност исто или слично пакување.

Напоменуваме дека разлики во литражата има кај јогуртот, за кој што во конкретните маркети не наидовме на исти понуди во однос на големината на производот.

Цени на производи во 5 земји од Адриа регионот во маркетите со најголеми приходи: КАМ (Македонија), Макси (Србија), Бинго (БиХ), Конзум (Хрватска) и Меркатор (Словенија)

Да почнеме од основниот продукт, лебот. Најмалку за леб плаќаат Србите (0,60 евра), најмногу Словенците (0,87 евра). За Македонците најевтиниот леб во КAM чини 0,62 евра.

Во српски „Макси“ се наоѓа и најевтиното масло за јадење од сончоглед, кое што чини 1,58 евра, во македонски КAM маслото за јадење е 1,94 евра, а повторно овој производ е најскап во словенечкиот „Меркатор“, каде се продава за 2,69 евра.

Македонија е најисплатлива за 7 од вкупно 16 производи и тоа за брашно тип 500, јајца ( пакување од 10 парчиња), путер, сол, кафе и секако, како аграрна земја, во македонскиот маркет цените на доматите и пиперките се најповолни. 

Целата анализата прочитајте ја ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде