Газда неовластено ги снимал гостите во неговиот хотел во познато летувалиште на Халкидики

Јавноста и туристите во Грција се вознемирени по информацијата дека еден сопственик на хотел во популарно грчко летувалиште, внатре во собите во хотелот поставил камери кои го снимале секој детаљ во текот на престојот на туристите внатре во апартманите.

Сè се случило во хотел на Афитос, а цел случај бил откриен случајно од неколку туристи кои забележале скриени надзорни камери кои го снимале секое нивно движење. За случајот набрзо се дознало во целото место, па настанал вистински хаос поради што сопственикот на хотелот морал да ги тргне сите обележја и табли кои воделе до туристичкиот објект и побегнал.

26-годишен турист сфатил дека постои камера кога отишол да го наполни телефонот во штекерот кој се наоѓал спроти нивниот кревет, пренесува порталот „An1news“.

Имено, според информациите, минатата седмица самиот сопственик понудил собата да се отстапи на млада жена, за таа таму да престојува со својот партнер.

Меѓутоа, сопственикот на хотелот во изјава која ја дал за полициската станица во Касандра, наводно ги негирал обвиненијата, тврдејќи дека поставил диктафон-камера за да го контролира просторот, така што ништо да не може да биде украдено.

Меѓутоа, набрзо потоа одлучил да ги отстрани сите траги од постоење на хотелот.

Тој ги отстранил сите табли и ознаки на кои се наоѓало името на фирмата, па побегнал подалеку од Афитос каде мештаните исто така бурно реагирале на ситуациите кои се случувале во внатрешноста на туристичкиот објект.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде