Незапамтена трагедија се случила во Вршац, Србија кога таткото, триесет и петгодишниот Марко.Б. во вторникот попладне, ја yдавил својата двегодишна ќерка, а потоа се обесил, објавија српските медиуми.
Трагедијата се случила околу 14 часот и 20 минути во стан на улицата Војнички трг во Вршац. Истрагата е во тек, а мотивот се уште не е познат. Се дознава дека се работи за наpушени семејните односи.
Според првите резултати од истрагата, таткото го yдавил девојчето во кофа со вода, а потоа се о6есил.
Таткото и мајката на у6иеното дете биле во процес на развод, а Центарот за социјална работа и покрај противењето на мајката наредил таткото да го види детето.
Мајката во полиција пријавила дека сопругот и испратил порака во која најавил дека ќе се убие себеси и детето.
Веднаш штом ја прочитала пораката, жената повикала полиција, но веќе било доцна. Трагедијата се случила во семејната куќа на улицата Војнички трг во Вршац.