Познатата музичка ѕвезда повторно успеа да ја запрепасти светската јавност со видеото што го објави на TикТок.
Имено, многумина кои имаа прилика да го видат необичното видео ја имаа истата реакција:
„Што ѝ се случило“?
Иако е јасно дека се работи за многу хируршки интервенции, сепак е изненадување колку Мадона успеала да го промени својот личен опис, па повеќе личи на пластична кукла отколку на жива личност.
Изгледа дека, како што пишуваат западните медиуми, поранешната секс икона тешко ги прифаќа годините и природниот процес на стареење, па решила да се подмлади, а покрај тоа што корекциите на нејзиното лице се доста забележливи, Мадона користи јака шминка и „нападна“ облека.
На најновото видео, Мадона нема веѓи, а нејзината облека ужаснува.
Според мислењето на многумина, пејачката го изгубила компасот и на залезот на кариерата на секаков начин се труди да ја задржи популарноста. Многумина се прашуваа што се случи со вистинската Мадона.
– Личи на Мерлин Менсон –
– Би сакала луѓето да прифатат дека сите старееме –
– Ова е доказ дека парите и вкусот не одат заедно –
-Кога ќе станеш богат, изгледа губиш допир со реалноста – беа само дел од коментарите.
Згрозените придружници прашуваа каде „исчезнал нејзиниот тим стилисти“, а имаше и реакција дека „Ноќта на вештерките“ подранила.
@madonna ♬ Ginseng Strip 2002 – Yung Lean
Видеото можете да го погледнете ТУКА