Ова е првпат јавно да бидат објавени имиња на луѓе кои од земјава заминале во странство и биле вклучени во терористички активности или биле дел од паравоени и параполициски единици.
Листата е објавена во Службен весник и е достапна на интернет страницата на Управата за финансиско разузнавање
Петнаесет македонски државјани кои биле дел од ИСИС и Исламската држава на територијата на Сирија и Ирак се најдоа на „црната листа“ на Владата која е објавена јавно.
Станува збор за одлука за „воведување финансиски мерки против тероризам, ширење оружје за масовно уништување и нивно финансирање“ донесена на 13 септември.
Повеќето лица се на возраст од околу 30 години. Највозрасниот има 57 години, а најмладиот 26 години. Десетмина од нив се од Скопје, по двајца се од Куманово и Гостивар и еден од Струга.
Тие со владина одлука се финансиски казнети поради учество во војната во Сирија која трае веќе 11 години за „користење, пренос, конверзија, трансфер или друг вид на располагање со имот, забрана на ставање на располагање на било каков имот,
како и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос.“ Одлуката е донесена на 13 септември со потпис на вицепремиерот Артан Груби.
Надлежни органи за спроведување на одлуката се дел од безбедносните и финансиските служби – МВР, Управата за финансиско разузнавање, министерствата за одбрана, економија и транспорт и врски и Народната банка.
Ова е првпат јавно да бидат објавени имиња на луѓе кои од земјава заминале во странство и биле вклучени во терористички активности или биле дел од паравоени и параполициски единици.
Листата е објавена во Службен весник и е достапна на интернет страницата на Управата за финансиско разузнавање.
Со измените во Кривичниот законик во 2014 година се овозможи гонење на лица – македонски државјани кои заминуваат за да бидат дел од воени конфликти и да се борат во странски војски, за што се предвидени затворски казни до 5 години.