Чуден инцидент: Жена фрлала со камења кон школски двор и повредила три деца во основното училиште во Чаир

Три деца, ученици во основното училиште „Хасан Приштина“ во скопската населба Чаир, вчера попладне биле повредени кога непозната жена фрлала со тврди предмети кон училишниот двор, соопшти полицијата.

„На 05.10.2022 во 15:23 часот во СВР Скопје, Е.Љ. пријавил дека во двор на училиште на улица „Серава”,

едно женско лице фрлило тврди предмети и повредило двајца малолетници од Скопје и еден малолетник од селото Љуботен, скопско“, велат од МВР во врска со вознемирувачкиот инцидент.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот.

Слична содржина

Што се случува и со децата? Место да се дружат две деца из6oделе нивни врсник…

На 04.10.2022 во 22.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен малолетник од Скопје со повpеда од остар предмет, информираат од МВР.

По преземени мерки било констатирано дека малолетникот на подрачјето на Бит Пазар бил повреден од други двајца малолетници од Скопје, со кои имал претходни недоразбирања.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат надлежните власти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде