Cтpaшно: Има ли крај? Уште една сообраќајка – тешко повpeдена жена!

Денеска во 14:05 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „Фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Б.Н. од Голема Речица,

удрило во 68-годишната тетовка М.С. (пешак). Во несреќата. М.С. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата, по овластување на Јавен обвинител, увид извршила екипа од СВР Тетово.

Претходно во текот на денот беше објавено за сообраќајка во која учествуваше возило на МВР.

Едно лице е повреденo при сообраќајка во која учествувало и возило на МВР. 

На 05.10.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 06.40 часот на улица „11 Октомври“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(57) од с.Усје, скопско и патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобила Ј.Р.(44) од Скопје, сопатничка во возилото „фолксваген венто“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид бил извршен, соопшти полицијата. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде