„На Груевски не му беше тешко да избега, срамот еден ден ќе се надмине…“, поранешниот македонски министер за култура, Исмаил Ѓунер не би бил изненаден ако имало компромис

Поранешниот министер за култура Ѓунер Исмаил во вечерашната емисија „Само интервју“ рече дека смета оти

„ќе дојде ден кога ќе се надмине срамот, кој што ни го приредија чудни луѓе советувани од чудни страни, од коишто некои не се тука“, алудирајќи на поранешниот премиер Никола Груевски.

Исмаил вели дека на Груевски веројатно не му било тешка и компликувана операцијата за бегство од земјава, бидејќи тој бил „сервисиран од разни структури“.

„Не избега под чудни околности. Тој човек очигледно беше добро сервисиран од разни структури.

Не би се осмелил да кажам дека било дело на компромис, но ако еден ден се дознае дека имало и таков компромис, нема да бидам изненаден.

Сега сепак не би бил сигурен дека е така. Змам дека беше сервисиран од многу страни и да изведе такво бегство од Скопје до Будимпешта не беше така комплицирана операција“, рече тој.

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде