Видео: Пратеничка на СДСМ во жеcтока расправија со бугарски колега во одбрана на македонскиот јазик и идентитет

Пратеничката на СДСМ, Соња Мираковска која во Советот на Европа жестоко се расправаше со бугарскиот пратеник Александар Јорданов.

Јорданов порача дека за Македонија реално да ги започне преговорите со Европската Унија најпрво треба да го промени Уставот и Бугарите да влезат во него.

Мираковска му порача на својот бугарски колега дека никогаш не може да го оспори македонскиот идентитет.

-Вие мене ниту на моите сограѓани не можете никогаш да им кажете дека зборат на погрешен јазик.

Јас сум Македонка, говорам на македонски јазик живеам во Македонија сега наречена Северна Македонија. И тоа е мојот идентитет, вели Мираковска.

„Се појави еден голем проблем заради нашето долго чекање, а тоа е земањето на бугарски пасоши, за да се купи џип, за да се иде во Европа…

Вие имате бугарски пасоши кои се регистрирани на една бандера, вие имате бугарски пасоши кои се дадени на нелегален начин, и тоа треба да се испита во иднина…“, додаде Мираковска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде