Вучиќ само што објави фотографија: Заедно со премиерот на Македонија како во студентските денови

Премиерот Димитар Ковачевски во Прага во рамки на првиот состанок на Европската политичка заедница, учествува на лидерската тркалезна маса посветена на енергетиката и економијата.

Заедно со премиерот Ковачевски на истата дискусија присуствуваа и премиерот на Шпанија, Педро Санчез, премиерот на Холандија, Марк Руте,

премиерката на Обединетото Кралство, Велика Британија и Ирска, Елизабет Трас, како и останатите лидери на европските земји.

Во фокус на дискусиите се сериозните нарушувања на енергетските пазари, како резултат на воената агресија на Русија врз Украина.

Ковачевски заедно со лидерите на Обединетото Кралство, Шпанија, Австрија, Малта, Албанија, Холандија, како и Бугарија, Германија и Србија дискутираа за соработка и солидарноста низ Европа како неопходност во овој момент,

а сѐ со цел земјите од Европа да се обезбедат и снабдат со енергија преку различни извори на снабдување.

Премиерот Ковачевски ги истакна позициите, моменталната состојба во Северна Македонија како и очекувањата и неопходноста од соработка за надминување на енергетската криза.  

Беше истакнато дека регионот на Западен Балкан е еден од најпогодените, затоа што производството на електрична енергија е базирано на лигнит и тоа од многу стари термоелектрани на јаглен, кои во дадениот контекст се неефикасни.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

„Со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, исто како во студентските денови, додека ја чекаме следната средба“, напиша Вучиќ во описот на фотографијата на Инстаграм.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде