Мора да престанеме да лажеме за Украина, НАРОДОТ ЗНАЕ! Познатиот руски генерал ја бара ВИСТИНАТА

Висок руски пратеник ја повика земјата да престане да кажува лаги за поразите во Украина.

Висок руски пратеник во средата ги повика воените претставници да ја кажат вистината за воените случувања на теренот во војната во Украина, по неколку порази.

Претседателот на долниот дом на парламентарната комисија за одбрана Андреј Картаполов упати остра критика, а неговите зборови ги пренесе агенцијата АФП.

„Мораме да престанеме да лажеме. Многупати сме зборувале за ова, но тоа не стигнува до одредени лидери. Ги читав извештаите на Советското информативно биро од 1941 година, кога Германците навлегоа во Москва.

Отворено рекоа дека некаде се повлекуваме. И сега непријателот е на наша земја, сите погранични села од регионот Белгород се практично уништени, но извештаите на Министерството за одбрана се менуваат.

Нашиот народ знае. Нашиот народ не е глуп. И гледа дека не сакаат да му кажат ни дел од вистината. Ова може да доведе до губење на кредибилитетот“, рече тој, а пренесуваат медиумите.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин нареди преземање на нуклеарната централа Запорожје (ЗНПП) во сопственост на Руската Федерација, според указот на шефот на руската држава, објавен во средата. Ова следеше откако четирите украински региони ЛНР, ДНР, Запорожје и Керсон беа припоени кон Русија.

Да потсетиме, војната во Украина започна на 24 февруари со наредба на рускиот претседател Владимир Путин руската армија да започне воени операции во оваа земја.

Извор: Мондо.рс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде