Двајца разбојници се уапсени минатата ноќ во Скопје, откако два часа претходно нападнале и ограбиле жена од Прилеп на булеварот „Гоце Делчев“, соопшти полицијата.
„На 07.10.2022 во 01.05 часот на бул.„ВМРО” во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош и ЕВР Центар-Бит Пазар ги лишиле од слобода С.М.(42) и В.Т.(24), двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека на 06.10.2022 околу 23.00 часот на бул.„Гоце Делчев” физички ја нападнале А.Ц.(36) од Прилеп и со закана ѝ одзеле мобилен телефон. Кај нив бил пронајден телефонот, кој бил вратен на сопственичката“, велат од полицијата.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.
Слична содржина
Тепачка пред угостителски објект, едно лице пpoбодено, веднаш било пренесено на Клиника во Скопје!
На 03.10.2022 во 23.07 часот во ОВР Кичево е пријавено дека пред угостителски објект на булеварот „Ослободување“ во Кичево, физички е нападнат и поpеден со остар предмет албанскиот државјанин Џ.В.
На нападот му претходела вербална расправија во објектот. Повредениот е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.
Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.