Видео: Обид за апсење, демонстрантите се судрија со полицијата

А1он објави дека имаше обид за апсење, но демонстрантите ја спречиле полицијата.

Обидот за првото апсење на демонстрант во Охрид заврши со судир помеѓу полицијата и демонстрантите, објави А1он.

Маж кој фрли со предмет кон терасата каде е сместен бугарскиот клуб и каде има гости присутни на свеченото отворање, требаше да биде уапсен, но по жестоките реакции на демонстрантите, полицијата се откажа од намерата.

Атмосферата во центарот на Охрид станува се потензична. Демонстрантите се се понервозни, а пцовките доаѓаат од двете страни,

како од демонстрантите така и од гостите во бугарскиот клуб каде има низа пpовокации.

Протестот започна пред половина час, а има и големо полициско обезбедување.

Инаку, протестот го организира политичката партија „Левица“, а и ВМРО-ДПМНЕ повика на масовност, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти.

Граѓаните во изјава за медиуми велат дека не се против отварање на бугарски клуб во земјава, но дека името на клубот е провокација.

– Провокативно е името, немаме против отворањето на клубот. Секој има право да каже како се чувствува, но името е провокативно – и Цар Борис и Ванчо Михајлов во Битола. Немаме ништо против нивната определба, нека си кажат како се чувствуваат, но имињата се провикативни, велат насобраните граѓани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде