Вонредна вест: Големо поскапување на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59% во однос на одлуката од 5.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 1,746%, кај дизелот за 6,212%, кај екстра лесното масло за 5,997% и кај мазутот зголемување е за 2,307%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,216%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,024 ден/лит и сега ќе изнесува 51,252 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Од 8.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 51,252 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.10.2022 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението од РКЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде