Хаос утрово: Екcплодиpaше мостот кој го поврзува Крим со Русија, голем пожap и на железничка станица за нафта (видео)

По екcплозија која утрово околу 6 часот по локално време се случи на мостот кој ги поврзува Крим и Русија, има голем пожар на железничка композиција која пренесува нафта.

Истовремено на вториот автомобилски крак на мостот има колапс на дел од автопатската делница. Во море е паднат делот меѓу два столба на мостот.

Засега нема информации за повpедени.

Руските медиуми ги цитираа надлежните дека станува збор за напад со цистерна нафта која екcплодирала на мостот.

Украинските власти засега не потврдуваат официјално дека тие го организирале нападот иако во повеќе објави ликуваат за нападот.

Објавени се повеќе видеа од моментот на екcплозијата.

Кримскиот мост е отворен во 2018-та година, четири години откако Русија го анектираше полуостровот Крим. Мостот е долг 17 километри. Неговата изградба чинеше 272 милијарди рубљи (приближно 4 милијарди американски долари).

За време на руската агресија, мостот има огромно стратешко значење за руските армиски сили на јужниот фронт кон Херсон и Запорожје.

Преку мостот се врши нивно снабдевање и замена на армиските единици, а мостот е единствена врска на Крим со копното на Русија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде