После долго време се огласи Венко Филипче – добитник е на специјално признание!

На предлог на група здравствени работници по повод 8 Октомври, празникот на Општина Крива Паланка, поранешниот министер за здравство д-р Венко Филипче доби признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на општината за 2022 година.

Признанието го врачи градоначалникот на Крива Паланка,Сашко Митовски, на синоќашната свечена академија.

Одлука за доделување вакво пригодно признание со кое се оддава достојно признаниена Д-р Венко Филипче е донесена, за неговиот несебичен влог да се справи до Ковид-19 пандемијата во времето кога беше Министер за здравство, едно големо светско кризно премрежје со колосални последици по човештвото, како и за тоа што секогаш за паланчани е достапен за помош.

„Ова признание ми е многу драго и за мене има и општествена и лична димензија. Со моето работење како министер за здравство се соочив со светска пандемија каква не се памети изминатите 100 години, се трудев да работам најдобро што може иако, идеален здравствен систем не постои, но работевме посветено и она што со сигурност успеавме е да го вратиме дигнитетот на здравствените работници,ги зголемивме платите во здравството.

Во Крива Паланка соработката со мојот колега, директорот на здравствениот дом, д-р Бранко Стаменковски, беше одлична и тука успеавме да вработиме повеќе млади лекари, да ги задржиме тука, во нивниот град за да може граѓаните да ја добијат потребната здравствена услуга.

Во тој период набавен беше ренген апарат, нов ехо апарат, санитетско возило за итната помош, што, можеби звучи скромно, но за Крива Паланка значи многу“, рече Филипче.

Личната димензија на признанието, рече, е исто така присутна, особено се радува што работата и посветеноста на секој еден граѓанин е признанена и обележана со овој чин.

„Неговата професионална должност преку хипократовата заклетва, надополнета со моралните и етички норми кои се негов примарен стил, неговата посветеност на доброто на секој пациент, но и отвореност да се биде тука за секој негов колега, соработник, пријател, познајник, се нешто што со сигурност заслужува признание и достојна почит.

Во неговиот период на менаџирање во здравството се опреми здравствениот дом „Димитар Арсов”, Крива Паланка со нов ренген апарат, нов ехо-апарат, а беа одобрени и ангажмани и вработувања на здравствени работници во истиот, за кадровско екипирање на оваа установа и подобри здравствени услуги на жителите на општината“, истакна градоначалникот Митовски.

Д-р Венко Филипче е неврохирург, поранешен министер за здравство во РС Македонија, во периодот 2017-2022 година, во екот на глобалната пандемија со ковид-19. Тој е доцент на Медицинскиот факултет во Скопје, прв неврохирург во Северна Македонија и околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиниката во Скопје.

Филипче е и секретар на Македонското неврохируршко здружение како и член на извршниот комитет на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа, а во 2016 бил организатор на македонско-јапонската невроваскуларна конференција.

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде