Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во западните делови. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на утринска магла.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж пошироко Повардарие краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 степени.
Како што прогнозира УХМР, до понеделник времето ќе се задржи стабилно со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Понекаде во котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
-Од ноќта кон вторник од запад со зголемента облачност ќе се прошират врнежи од дожд и потоа ќе преовладува врнежливо време, а утринските температури малку ќе се покачат, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Славчо Поповски најави температурен шоk:
Во следниот период следува температурен шок во Македонија. Станува збор за ОГРОМНАТА разлика на утринските и на дневните температури на воздухот.
Следните утрини минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 9 степени, што значи дека наутро ќе биде доста студено, максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.
НАПОМЕНА: Токму поради ОГРМНАТА разлика на температурите биометеото ќе биде доста неповолно, па така кај метеопатите се можни позначителн и здравствени проблеми, па затоа ВНИМАНИЕ.