Одлична мерка за пензионерите: Над 90 илјади пензионери ќе добијат плус шест илјади денари

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-коференција по владината седница изјави дека во следните четири месеци помош ќе добиваат социјално загрозените, пензионерите и невработените.

Во следните четири месеци, по 3.000 денари месечно треба да добијат корисниците на социјална помош, помош за попреченост, посебен додаток, нега од друго лице и невработените и оваа мерка опфаќа 42.000 граѓани и ќе чини над 8 милиони евра.

Директна финансиска поддршка од вкупно 6.000 денари во наредните 4 месеци (1500 денари месечно) има и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија, а тоа се над 91.600 пензионери наши сограѓани.

Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра.

Овие мерки треба да поминат во Собранието.

-Очекувам дека сите пратеници, освен Левица, ќе бидат на ниво на задачата и што побрзо ќе ги усвојат овие законски измени –  рече Ковачевски.

-Повторно менаџираме добро со Буџетот и ги враќаме парите назад кај граѓаните, посебно кај најранливите категории. Направивме длабоки консултации со експертите, работодавачите, стопанските комори и пензионерите, науката,…

Ги финализиравме мерките за поддршка на граѓаните и компаниите, но од денес уште попосветено ќе работиме за надминување на кризата. Делуваме одлучно и преземаме мерки кои ја ублажуваат кризата, истакна Ковачевски.

Тој се осврна и на средствата обезбедени со ребалансот на Буџетот кои ќе се реализираат во следниот период.

На прес-конференцијата во Владата се присутни и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за економија и за финансии, Крешник Бектеши и Фатмир Бесими, како и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде