Премиерот Ковачевски најави ново покачување на минималната плата – ЕВЕ ОД КОГА

Никого нема да оставиме сам да се справува со последиците од економско-енергетската криза, оваа криза ќе ја пребродиме сите заедно,

порача на денешната прес-конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски. Премиерот Ковачевски го презентираше новиот пакет антикризни мерки во вредност од над 350 милиони евра.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Знам дека е недела, но ова се кризни времиња и сите ние, вклучувајќи ме и мене мора да делуваме соодветно, брзо и одлучно, затоа што пред нас е исклучително тешка зима и  мора секојдневно да се носат одлуки кои што ќе значат полесно справување со сите предизвици кои што ги имаме.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека во првиот квартал од идната година повторно ќе има покачување на износот на минималната плата во државата.

-Идната година повторно нè очекува зголемување на минималната плата, бидејќи ја сменивме методологијата.

Сега влијае и зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на продуктивноста, односно на БДП во државата, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

Премиерот рече дека со стопанските комори се разговара многу отворено околу кризата и начините на кои Владата се обидува да им помогне на компаниите да ја пребродат.

-Сега не е време за финансирање профитабилност, сега е време за финансирање опстанок, како на компаниите, така и за загрижување на најранливите категории,

рече премиерот на прес-конференцијата, откако соопшти дека Владата усвоила нов пакет антикризни мерки, вреден 350 милиони евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде