Се огласи менаџерот на Таировиќ: Погледнете со колку пари била приведена „Кралицата на бакшишот“

Пејачката Теа Таировиќ е уапсена утрово во Германија на аеродром од финансиската полиција.

Пејачката имала настап во дискотека, а на враќање на аеродром и пришла финансиската полиција и ја уапсила.

По тој повод и се најдени 70.000 евра, како што напиша Пинк.рс, а сега се огласи и менаџерот на Теа, Никола Бриџис.

Сигурен сум дека не е уапсена поради финансии. Според информациите на луѓето кои се таму со Теа, таа била приведена затоа што го надминала престојот во Шенген зоната.

Добив неколку написи дека се работи за финансии, знам дека тоа не е точно, бидејќи слушнав и со сопственичката на локалот каде што настапувала.

Сите знаете како се работи со договорите што пејачите ги потпишуваат за настап во странство – рече менаџерот на пејачката и продолжува:

Теа е многу барана, а речиси сите нејзини настапи се во Шенген зоната, па веројатно таму настанал проблемот.

Со нашите документи би ѝ било дозволено да помине 90 дена во земјите кои припаѓаат на Шенген зоната, а тоа се сите земји на Европската унија, вклучително и Швајцарија.

Очекуваме наскоро да ја ослободат, па ќе ги знаеме деталите од информацијата – изјави за Курир Никола Бриџис, менаџер на Теа Таировиќ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде