Силен земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја потресе Грција

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтер беше регистриран во Коринскиот канал, кусо по еден часот по полноќ по локално време, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотрес беше почувствуван во повеќе делови на земјата, како и во Атина.

Епицентарот, според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, бил во морскиот дел, југоисточно од градот Галаксиди.


Слична содржина

На 07.10.2022 во 14:20 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино -с.Таор  се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“,

управувано од М.А.(44) од с.Студеничани, скопско и патничко  возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ф.(24) од с.Визбегово, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген голф“, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде