Вонредна вест: Премиерот Ковачевски ги соопшти мерките за справување со кризата

Нов пакет мерки за справување со енергетската и ценовната криза, вреден над 350 милиони евра, донесе Владата на денешната седница.

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција рече дека со овие средства, севкупната поддршка за полесно пребродување на кризата во сите сфери досега изнесува 750 милиони евра.

Заштитата на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите, нагласи премиерот, остануваат приоритет.

-Клучната порака денеска е дека никого нема да заборавиме и да оставиме сам да се справува со последиците од кризата. Кризата ќе ја пребродиме сите заедно -рече Ковачевски.

Тој истакна дека енергенси, парно и струја мора да има но и таргетирани мерки за најранливите категории граѓани.

-Повторно менаџираме добро со Буџетот и ги враќаме парите назад кај граѓаните, посебно кај најранливите категории. Направивме длабоки консултации со експертите, работодавачите, стопанските комори и пензионерите, науката,… Ги финализиравме мерките за поддршка на граѓаните и компаниите, но од денес уште попосветено ќе работиме за надминување на кризата. Делуваме одлучно и преземаме мерки кои ја ублажуваат кризата, истакна Ковачевски.

Нов пакет антикризни мерки вреден 350 милиони евра објави денеска претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

3.000 денари месечно во наредните 4 месеци за 42.0000 ранливи граѓани.

3.000 денари месечно за невработените и самохраните родители.

3.000 денари месечно за над 66.000 пензионери кои земаат пензија од 11.500 до 14.000 денари

1.500 денари месечно за пензионерите со најмали пензии.

Поддршка за 365 основни и 109 средни училишта за снабдување со струја.

Проширување на поддршката на компании кои се корисници на кредитно – гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка.

Кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва.

Зголемен поврат на ДДВ со скратен рок од помалку од 30 дена.

Останува мерката за субвенционирање на струјата до 80% за 600.000 домаќинства и 72.00 мали потрошувачи.

Се грижиме за граѓаните, пензионерите, за работниците и најзагрозените во услови на една од најтешките економски и енергетски кризи во светот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде