Ракетен удар! Одекнуваат експлозии во Киев – пристигна руската освета за Крим

Во експлозијата има загинати и повредени, соопштија украинските служби за итни случаи

Есплозиите во Киев доаѓаат само два дена откако единствениот мост што ја поврзува Русија со окупираниот Крим беше оштетен во експлозија, за што рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за тероризам

Серија експлозии утринава одекнаа во главниот украински град Киев, пишува Би-би-си. Ова е првиот руски напад на главниот град на Украина по неколку месеци пауза.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека имало неколку експлозии во централниот Шевченковски реон во Киев, додавајќи дека ќе соопшти повеќе детали подоцна.

Во експлозијата има загинати и повредени, соопштија украинските служби за итни случаи.

„Нашата храброст никогаш нема да биде уништена од ракетите на терористите, дури и кога тие ќе го погодат срцето на нашиот главен град. Ниту пак ќе ја разнишаат решителноста на нашите сојузници.

Единственото нешто што неповратно го рушат е иднината на Русија“, напиша на Твитер министерот за одбрана на Украина Олексеј Резников.

Есплозиите во Киев доаѓаат само два дена откако единствениот мост што ја поврзува Русија со окупираниот Крим беше оштетен во експлозија, за што рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Украина за тероризам.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде