Доцна вечерва тажна вест го обиколи светот: Почина легендарната актерка

Доцна вечерва тажна вест го обиколи светот: Легендарната британска актерка Анџела Ленсбери почина на 96 години.

Во кариерата која се протегна низ осум децении, Ленсбери трипати беше номинирана за Оскар и беше една од последните диви од златната доба на Холивуд.

„Дејм Анџела Ленсбери почина во сон, само пет дена пред својот 97. роденден“, соопшти нејзиното семејство.

Родена во Лондон во 1925, Ленсбери завршила школа за драма и радио во САД и првата номинација за Оскар ја добила како 19-годишна за својата прва филмска улога во „Gaslight“.

Таа останува најпозната по улогата на писателката Џесика Флечер во американската крими серија „Убиство, напиша таа“, која се емитуваше од 1984 до 1996 година.

Во текот на кариерата имаше пет номинации за театарската награда Тони, шест за Златен глобус и дури 18 за Еми,

а во 2014 ѝ беше доделен почесен Оскар. Последната улога ја оствари во 2018.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде