Хоpop за 16-годишно момче: Петмина го нападнале и го из6oделе!

Во Тетово се уапсени петмина коишто извршиле два физички напади во градот, при што со остар предмет избоделе едно 16-годишно момче.

Полициски службеници од СВР Тетово, денеска во периодот од 7:30 часот до 11.45 часот, лишиле од слобода пет лица: Д.Л.(23), Б.Д.(18), В.Л.(19), Л.Ш.(24) и А.Ш.(24),

сите од Тетово, поради сомнение дека непосредно биле инволвирани во двата физички напади пријавени завчеравечер.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги расчисти нападите кои се случиле на улиците „133″ и „Благоја Тоска” во Тетово, а во кои еден 16-годишник од Тетово беше повреден со остар предмет – информираат од МВР.

Петте лица се задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде