Кореец тешко повреден, 21-годишна девојка полесно поминала – сообраќајна несреќа утрово на автоптатот Гостивар – Кичево

Денеска (11.10.2022) во 09.00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на Церовски мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф”,

со охридски регистарски ознаки, што го управувала М.П.(21) од Кичево и мотоцикл „сузуки”, со корејски национални ознаки, управуван од К.Ј.И.(72), државјанин на Република Кореја.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а М.П. со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Слична содржина

Страотна сообраќајна несреќа – едно лице го загуби животот

СВР Скопје информира дека вчера во 09.41 часот било пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“,

управувано од Н.А.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од З.З.(21) од с.Визбегово, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса“, А.Е.(79) од Скопје,

а cмpт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде