Максим Димитриевски испрати ЈАСНА И МОЌНА порака: Нека разберат клетите фашисти Македонско име нема да загине!

Нека разберат клетите фашисти Македонско име нема да загине!, напиша денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски по повод одбележувањто на 11 Октомври.

Така ја учевме ние оваа песна, а нашите предци на кои денеска, на 11 Октомври им се поклонуваме рамо до рамо со светската антифашистичка коалиција се бореа против нив и се изборија за ова денеска што го имаме – држава, идентитет, јазик, сопствена култура, живот, соживот, Македонија.

Денес оддаваме големо признание на Карпош, Шабани, Менков, Нацева и останатите борци кои со својата храброст, достоинство и сопствена жртва ни го трасираа патот кон самостојна држава, но и ни покажаа како се сака, цени и бори за сопствената држава.

Денес оддаваме почит на сите учесници во НОБ, кои ни покажаа како треба да ја чуваме, вреднуваме, и како треба да ја уважуваме нашата Македонија.

11 Октомври е голем симбол и силен потсетник за македонската државност. 11 Октомври не задолжи сите нас да продолжиме по вистинскиот пат, да не се откажуваме од македонската историја, нашите национални вредности,

од сопствениот идентитет и јазик, но во исто време со силен интензитет да продолжиме да се бориме за подобар живот на нашите граѓани и силен развој и напредок на државата.

Денес, кога во Македонија како печурки никнуваат клубови, спонзорирани од други држави, кои ги носат имињата на тогашните соработници и партнери на фашизмот, ќе го цитирам првиот македонски претседател, г-динот Киро Глигоров „Македонија е сè што имаме!“.

Сите ние доаѓаме и заминуваме, но Македонија останува. Но, од оваа генерација на политичари зависи каква Македонија ќе имаме, со какво уредување и на каков пат ќе ја оставиме на идните поколенија.

Да работиме посветено и неуморно во обезбедувањето на поквалитетен живот, заеднички да се грижиме за историјата, за државноста, а секој 11 Октомври да биде горделив празник, носејќи паметни и исправни заеднички одлуки.

11 Октомври е нашиот светол ден и таков и ќе остане! Борбен, револуционерен и слободарски!

Нека ни е честит Денот на народното востание, напиша Димитривески на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде