Нова провокација од Џамбаски: Југославија се распадна, време е да се урне нејзиниот последен бастион – македонизмот

Царот Борис Трети Обединител е симбол на ослободувањето и единството на Бугарите, напиша на својот фејсбук-профил европратеникот Ангел Џамбаски од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов,

како одговор на изјавите на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи за отворањето на клубот, кој го носи името на бугарскиот цар.

-Ова, господине Османи, не е провокација туку факт. Години на коминтернски лаги и пропаганда не можат да ја променат историјата.

И таа покажува дека бугарските чети биле пречекани како ослободители со цвеќиња и бугарски песни. Омразениот за сите Македонци Иван Михајлов вели:

‘Кога се отворија бугарски училишта во Македонија во 1941 година, таму немаше бунт и не се бараа други училишта’.

Крајно време е политичарите крај Вардар да сфатат дека нивниот страв од колапс на лагата не ја оправдува омразата и репресијата кон Бугарите.

Југославија се распадна, време е да се урне нејзиниот последен бастион – македонизмот“, напиша Џамбаски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде