СВР Скопје информира дека вчера во 09.41 часот било пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“,
управувано од Н.А.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од З.З.(21) од с.Визбегово, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.
Како што соопшти МВР, од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса“, А.Е.(79) од Скопје,
а cмpт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.
Фото: Илустрација
Слична содржина
Вчера (10 октомври) околу 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово,
патничко моторно возило “ауди” со тетовски регистарски ознаки управувано од 68-годишниот тетовец Е.Г. удрило во 45-годишната З.Ј.(пешак) од тетовско Долно Седларце.
Во несреќата пешакот З.Ј задобила тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.