Трагедија вечерва ја потpесе Македонија: Македонец починал откако му се слошило додека нуркал на хрватскиот остров Вис

Трагедија вечерва ја потресе Македонија: Македонец починал откако му се слошило додека нуркал на хрватскиот остров Вис

Веста Македонец починал откако му се слошило додека нуркал на хрватскиот остров Вис прочитајте ја после рекламата.

Македонски државјанин починал откако му се слошило додека нуркал во областа Бриони кај малиот хрватски остров во Јадранското море јави Индекс.

Несреќата се случила околу 11 часот. На македонскиот нуркач му се слошило и останал без свест. Бил извлечен на копно и имало обид за реанимација.

Лекарите од Итната помош на островот се обиделе да му помогнат, но македонецот веќе бил починат, по што неговото тело е предадено на обдукција во Сплит каде треба да се утврди причината за cмpтта.

Областа Бриони кај Вис е меѓу најатрактивните области за нуркање во Јадранското Море, каде што доаѓаат многу нуркачки ентузијасти од странство.

Сплитскиот весник Слободна Далмација објави дека станува збор за човек на средни години кому му се слошило во близина на малото островче Равник каде што и пред десетина години имало слична несреќа со загинат нуркач.

Областа околу Вис е атрактивна за нуркачите. Вис се наоѓа на крајот на хрватските територијални води, а во историјата е познат и како засолниште на југословенскиот партизански лидер Јосип Броз Тито по неуспешниот десант на Дрвар во 1944-тата година.

Извор: Индекс.хр

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде