Важна информација за пензионерите: Еве кога ќе добијат 6.000 денари на своите сметки

„Со измени во законската регулатива ќе се обезбеди неколкумесечна финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани.

Тука мислам на 41878 лица кои ќе добијат вкупна поддршка од 12 илајди денари и поддршка за над 130 илјади пензионери“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој кажа дека се опфаќа широк спектар на граѓани од ранливите категории кои имаат ниски приходи и на кои оваа финансиска помош ќе им помогне полесно да се справат со кризите.

„Планот е да се почне со исплатата од ноември. Се надевам дека сите партии и пратеници во Собранието ќе се на висина на задачата и веднаш штом предлогот е доставен ќе биде одобрен“ рече Ковачевски.

Премиерот исто така кажа дека Владата донесе одлука да продолжи да се субвенционира цената на електричанта енергија за 610 илјади домаќинства и околу 72 илјади мали потрошувачи. Без оваа субвенција, како што кажа Ковачевски, граѓаните би плаќале пет пати повиски сметки за струја.

Премиерот Димитар Ковачевски во емисијата 24 анализа рече дека ќе се обезбедат дополнителни субвенции за струја.

– Самото продолжување на субвенционирањето на електрична енергија за 610 000 домаќинства и 72 000 мали потрошувачи, субвенцинирањето на струјата значи дека ќе има нов издаток од буџетот.

Тоа значи дека вкупната сума која ќе биде иплатена од буџетот надминува 220 милиони евра само за субвенција на стујата која ја плаќаат граѓаните.

Доколку не е таа субвенција, која ја дава државата преку ЕСМ за да може да произведе струја која е поевтина и да ја продаде по пониска цена од пазарната на ЕВН, сметките на граѓаните би биле петпати поголеми. – рече Ковачевски.

Планот е од ноември да почне исплатата на финансиската поддршка за ранливите категории граѓани и за пензионерите, истакна вечерва премиерот Димитар Ковачевски, зборувајќи за помошта што ја определи Владата за справување со енергетската криза во државата.

Тој, во интервјуто на ТВ 24 појасни дека исплатата на неколкумесечната финансиска поддршка за најранливите категории на граѓани, односно 41.878 лица коишто ќе добијат вкупна поддршка од 12.000 денари, односно четири месеци по 3000 денар и поддршката за пензионерите кои земаат пензија во висина од 11.525 денари до 14.000 денари, ќе оди со измени во законската регулатива.

– Денеска на Влада донесовме одлука да се подготви закон за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани во време на криза. Намерата е од ноември да почнат исплатите на финансиските средства за овие категории на граѓани, 41.878 од ранливите категории и на 130 000 од категоријата на пензионерите. Се опфаќа поширок спектар на граѓани.

Од ноември е планот да почне. Јас се надевам дека политичките партии и сите пратеници во Собранието ќе бидат на висина на својата задача и веднаш, штом ќе биде во текот на оваа недела доставено законското решение, дека ќе влезе во собраниска процедура и ќе биде одобрено, нагласи Ковачевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде