Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека е човек кој што 22 години својата кариера ја градел во приватниот сектор.
-Почнав исто како вас како вработен кој што мораше секое утро да дојде на работа, да обезбеди вредност за компанијата, но и да обезбеди даноци кои што ќе бидат платени на државата, да обезбеди добивка за компанијата,
од која ќе се плати данок на добивка и од која што подоцна се финансираат функциите на државата.
Сите вие пратите медиуми и ќе видите дека десет дена за мене се зборува дека сум работел во фабрики.
Јас сум горд што сум работел во фабрика. Знам што значи загревање на ваков погон и како се организира производство.
Ме критикуваат луѓе кои што никогаш во животот не кренале нешто потешко од спојувалка и за тоа кревање, им го плаќаат оние како вас и како мене што работат,
креираат вредност и плаќаат даноци, рече меѓу другото Ковачевски на денешното официјално отворање на канадската компанија „Магна Мирорс“ во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга.
Извор: Фокус.мк