Максим Димитриевски откри дали разговарал со Црвенковски за новато граѓанско движење

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски најави дека по примерот на граѓанското здружение „За наше Куманово“ ќе поддржат иницијативи во градовите сè до, формирање на граѓанско движење кое ќе учествува на наредните избори.

Димитриевски не прецизираше дали ќе има членови од СДСМ и рече дека во движењето можат да се вклучат сите кои се залагаат за вистински вредности, членка на ЕУ, потенцирајќи- првенствено почитувани како народ и држава на сите нивоа.

-Ова не е политичка партија, ова е граѓанско движење, значи ние сме отворени како што реков за сите, сè уште нема видни и истакнати членови,

се работи за шпекулации, многупати има повторено и сега повторно ќе кажам, јас го почитувам Црвенковски максимално како поранешен претседател на држава,

но до овој момент за оваа иницијатива со него немам разговарано, ниту пак тој ми се има обратено да разговараме на оваа тема.

Сите се добредојдени со своите иницијативи со своите заложби, но првенствено значи во оваа иницијатива ќе дадеме можност на нови луѓе коишто сакаат да ја придвижат државата напред заедно со нас, кажа Димитриевски.

Тој кажа дека СДСМ не му понудил висока функција по локалните избори.

-Не ми беше понудено да преземам висока функција, имаше еден службен разговор на слична таква тема, иако не милувам да дискутирам во јавноста што тоа го говорам на состаноци очи во очи, едноставно мојата обврска е кон граѓаните на општина Куманово, јас добив обврска од сите граѓани, првично неопределени, лево ориентирани и десноориентирани.

СДСМ отпочна една постапка за мое исклучување, имаше неколку различни ставови, дали сум исклучен или не, тоа повеќе не е предмет на интерес на јавноста, она што е најбитно е дека здружението „За наше Куманово“,

мојот тим и луѓето околу мене одиме понатаму да работиме во интерес на граѓаните и дефинитивно ќе се вклучиме во решавање на централните проблеми коишто ги има државата бидејќи гледаме дека оваа власт којашто во моментов менаџира е

неспособна да не извади од тешката економска криза и навремено да ги превенира дополнителните кризи и да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните, рече Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник вели дека ќе излезе на референдум доколку помине иницијативата.

-Доколку помине иницијативата на референдум јас ќе бидам првиот што ќе излезе на референдумот и ќе гласа против францускиот предлог, рече Димитиревски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде