Политичката сцена во Македонија не мирува: Ако има понуда Таравари да биде прв премиер Aлбанец, би прифатил ли да биде дел од Владата?

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува градоначалникот на Гостивар и в.д. претседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

Имено, во јавноста се појавија шпекулации дека Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари, може да стане дел од сегашното владино мнозинство.

На прашање на модераторот на ТВ21, доколку има понуда Таравари да биде прв премиер албанец, дали би профатил Алијанса за Албанците со

своите осум пратеници да стане дел од владиното мнозинство, Таравари вели дека не може да одговори на хипотетички прашања.

„Позицијата прв премиер Албанец е блеф на ДУИ. Но, како и да е, ние немаме никаква официјална понуда од Владата.

Ако има понуда, ќе се разгледа. Но, сега сме фокусирани на партијата. Фокусирани сме на конгресот на АА.

Сметаме дека сега треба да работиме со нашите членови и Алијанса во наредниот период да биде уште посилна“, порача Таравари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде