





Македонскиот ракомет е завиен во црно, откако денес почина првиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, Славе Атанасовски – Чаве.




Атанасовски е роден во 1945 година во Скопје и својата играчка кариера ја почна во екипата на Партизан. Потоа настапуваше и за тогашниот состав на Графичар, сегашен Вардар, а беше дел и од Борец, Металург и Пролет.




Македонија под негово водство во 1993 година го одигра првиот официјален репрезентативец натпревар на меѓународен турнир во Романија.




На клупско ниво беше тренер на повеќе македонски клубови. Атанасовски беше селектор и на женската репрезентација на Грција.





Извор: 24ракомет



