Скопјани утрово ги разбуди тажна вест: Почина еден од омилените бербери во градот

Утрово на 38-годишна возраст во Скопје почина еден од најпознатите скопски бербер Џеваир Јакупи – Џеки, сопственик на студиото „Дјеки Јанг“ во ТЦ Зебра.

Веста со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи. Скопјани преку своите фејсбук профили споделуваат сеќавања и упатуваат последен поздрав до човекот кој секојдневно ширел позитивна енергија и се грижел за нивниот изглед.

Познатиот бербер Џеки, иако млад позади себе имаше повеќе од 25 години искуство во овој занает. Беше еден од омилените бербери на скопјани. 

Инаку, Јакупи имаше свој салон за потстрижување „Дјеки Јанг“ во ТЦ Зебра, каде меѓу посетителите имаше и лица од јавниот живот, политичари, спортисти.

Во една прилика за медиумите тој истакна дека најредовни за потстрижување се македонските ракометари и фудбалери.

Зад себе остави сопруга и три мали девојчиња.

Фото: 24Info.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде