





Поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски денеска слави роденден. Денешниот датум за него е јубилеен, бидејќи наполни 60 години.




Неговите пријатели, поранешни сопартијци и пријатели, му го честитаат роденденот, а има и барања него да го има почесто во јавноста и да биде погласен.




„Среќен роденден на Претседателот Црвенковски, мојот учител и пријател!








Да славите уште многу јубилеи, да Ве има почесто и погласно“, напиша на фејсбук професорката Ана Павловска Данева.




„Жив и здрав шефе“, пишуваат дел од сегашните и поранешни членови на СДСМ.







