Артан Груби се прости од својот добар пријател: Беше многу млад кога ни се придружи, се сеќавам често го бркавме поради годините…

На 38-годишна возраст во Скопје почина еден од најпознатите скопски бербер Џеваир Јакупи – Џеки, сопственик на студиото „Дјеки Јанг“ во ТЦ Зебра.

Веста со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи. Скопјани преку своите фејсбук профили споделуваат сеќавања и упатуваат последен поздрав до човекот кој секојдневно ширел позитивна енергија и се грижел за нивниот изглед.

Познатиот бербер Џеки, иако млад позади себе имаше повеќе од 25 години искуство во овој занает. Беше еден од омилените бербери на скопјани. 

Инаку, Јакупи имаше свој салон за потстрижување „Дјеки Јанг“ во ТЦ Зебра, каде меѓу посетителите имаше и лица од јавниот живот, политичари, спортисти.

Во една прилика за медиумите тој истакна дека најредовни за потстрижување се македонските ракометари и фудбалери.

Зад себе остави сопруга и три мали девојчиња.

Вицепремиерот Артан Груби преку Фејсбук се прости од својот драг пријател кој го познавал уште од мали нозе.

Џеки беше многу млад кога ни се придружи во скопската навивачка група. Се сеќавам дека често го бркавме поради возраста, но тој тврдоглавиот секогаш се враќаше и никогаш не отсуствуваше во нашите младински спортски битки.

Денес го гледам мојот ѕид полн со сочувство за 38-годишникот кој го знаеше цело Скопје и бев многу тажен.

Сочувство до семејството, нека почива во мир!, напиша Груби на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде